Сопственикот на Олимпијакос Евангелос Марианакис важи за еден од најконтроверзните претседатели во европскиот фудбал. Во секој поглед почнувајќи од изгледот, па се до постапките.
Дека не е паметно да го налутите се уверија фудбалерите на грчкиот гигант кој оваа сезона ќе остане без титулата шампион, прв пат после седум години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Олимпијакос на четири кола пред крајот заостанува зад лидерот АЕК три бода, игра лошо и би можел да остане и без учество во Лигата на шампионите, каде што е редовен учесник години наназад.
Во минатото коло Олимпијакос на гостувањето ремизираше со Левадиакос (1:1), што беше капката која ја „прели чашата“ за трпението на Марианакис. Сопственикот на клубот од Пиреја одлучи да го распушти тимот и да ги казни играчите со дури 400.000 евра.
„Доста ве трпевме и јас и навивачите. Денес заминувате од клубот и одите на одмор, пред тоа целата екипа ќе плати казна од 400.000 евра. Пола од тој износ е за бодот во градското дерби против Панатинаикос, а втората половина за идентичниот неуспех против Левадиакос“, порача Марианакис.