Ребека Варди, сопруга на англискиот фудбалер Џејми Варди, позираше гола во бремена состојба со цел да порача дека никогаш повеќе не сака да забремени.
Околу Нова Година парот ја очекува нивната принова, а Џејми е воодушевен од фотографиите на Ребека кои сака да ги закачи на ѕид во нивниот дом.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ребека за The Sun изјави дека сакала да направи фотографии какви што свовремено направи Деми Мур за Vanity Fair.
„Џејми и јас знаеме дека ова ќе биде наше последно бебе и одеднаш сфатив дека никогаш повеќе нема да бидам бремена. Го најдов совршениот фотограф за ваква работа, Карис Кенеди, и го направив тоа“, објаснува Ребека порачувајќи дека се чувствува исклучително среќно поради тоа.
Тие се венчаа во мај, а ова ќе биде второ дете за Варди со Ребека, додека за неа ќе биде четврто дете, бидејќи има две деца од претходниот брак.