Дома Фудбал Останато Соништата не се купуваат со пари: Го одбил Манчестер Сити за да заигра за Црвена Звезда!

Соништата не се купуваат со пари: Го одбил Манчестер Сити за да заигра за Црвена Звезда!

Една интересна приказна ни пристигнува од соседството…

Имено српските медиуми пушуваат дека младиот тинејџер Вукашин Крстиќ од Војводина бил на мета на англискиот гигант Манчестер Сити.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Крстиќ е фудбалер роден 2003 година и важи за еден од најталентираните фудбалери во Србија, во овој момент член на тимот до 16 години на клубот од Нови Сад.

Манчестер Сити е богат клуб кој може да си дозволи да потроши милионски суми. Поради тоа, тие биле убедени дека нема да имаат проблем да го ангажираат Крстиќ.
Сепак, следувал неочекуван одговор – Крстиќ ги одбил!

Позната е причината, а тоа е Црвена Звезда! Крстиќ е навивач на Звезда и негов сон е да заигра пред преполната „Маракана“ и во следните десет дена би требало да потпише договор со гигантот од Белград.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Голманот на Барселона можеше да направи глупост: Против Албасете беше видена сцена како од легендарен филм! (Видео)

Фудбалерите на Барселона се пласираа во полуфиналето на Купот на кралот откако во вторник …