Натпреварот од романскиот куп помеѓу Глорија Бузау и Дунаре Калараси заврши со победа на домаќините од 3:0.
Глориа без поголеми проблеми дојде до триумф во овој натпревар, но она што привлече големо внимание е третиот гол на домаќините. Играчот на гостите Мариус Леца изгледаше како едноставно да не сака да ја исфрли топката од гол-линијата после шутот на противничкиот играч.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Леца немаше апсолутно никакви препреки да ја исфрли топката и лесно можеше тоа да го направи, но од некоја причина тој ја прескокна топката и ја остави да заврши во мрежата.