Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер сака да го засили тимот пред да заврши летниот трансфер-период.
Солскјер изјавил дека клубот работи напорно во трансфер-маркетот и вели дека сака да купи нови засилувања до 5 октомври.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јунајтед претходно се засили со Дони ван де Бек од Ајакс за 39 милиони фунти, па засега нивна главна цела останува Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, но како минува времето, така потешко изгледа дека ќе го ангажираат.
„Ѓаволите“ беа на праг да ги ангажираат и Герет Бејл и Серхио Регилон, но Тотенхем беше поуспешен во борбата и на крајот му ги украде на големиот ривал.
Исто така, Јунајтед беше заинтересиран и за Тијаго Алкантара, кој го напушти Баерн Минхен и се пресели во Ливерпул.