Дома Фудбал Англија Солскјер ќе прави тим по негова желба: Петмина сигурно заминуваат од Јунајтед!

Солскјер ќе прави тим по негова желба: Петмина сигурно заминуваат од Јунајтед!

Oткако се доби потврдата дека норвешкот тренер Оле Гунар Солскјер доби долгогодишен договор на клупата на Манчестер Јунајтед англиските медиуми започнаа да шпекулираат за иднината на бројни фудбалери.

Сега „Би-Би-Си“ пренесува дека тројца скоро сигурно ќе го напуштат „Олд Трафорд“ на крајот од сезоната, а тоа се Андер Ерера, Алексис Санчез и Хуан Мата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ерера според информациите веќе има договор со Пари Сен Жермен и во Париз преминува како слободен фудбалер бидејќи договорот со Јунајтед му истекува на крајот од сезоната (тука).

Кога во прашање е Алексис, тој не ги задоволи апетите на луѓето во клубот. Проблем во неговата продажба би можела да биде неговата преголема плата. Тешко дека некој клуб ќе се согласи да му плаќа 300.000 фунти неделно колку што добива во Јунајтед после катастрофалната година ипол на „Олд Трафорд“.

На Мата како и на Ерера договорот му истекува на крајот од сезоната и засега нема најави дека истиот може да биде продолжен.

Од порано е познато дека клубот ќе го напушти Еквадорецот Антонио Валенсија, тоа го потврди Солскјер, а за него интерес покажуваат Арсенал, Вест Хем и Интер. Неизвесна е судбината и на Матео Дармијан кој би требало да се врати во Серија А бидејќи Солскјер нема да смета на него.

Британските медиуми пренесуваат дека ова ќе биде најголема „чистка“ во Јунајтед уште од времето кога клубот го водеше Холанѓанецот Луис Ван Гал. Тој летото 2015 година продаде шест фудбалери од првиот тим помеѓу кои беа Анхел Ди Марија, Том Клеверли и Андрес Линдегард.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…