Дома Трансфер зона „Скај Спорт“: Андер Ерера е нов играч на Пари Сен Жермен!

„Скај Спорт“: Андер Ерера е нов играч на Пари Сен Жермен!

Шпанскиот играч за врска Андер Ерера (29) го напушта Манчестер Јунајтед после пет сезони.

Овој 29 годишен фудбалер според тврдењата на „Скај Спорт“ постигнал договор со француски Пари Сен Жермен и на лето ќе го облече дресот на „светците“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Така Шпанецот после пет години ќе го напушти „Олд Трафорд“ и ќе стане член на актуелниот шампион на Франција со кој ќе потпише договор на четири години.

Ерера во Јунајтед дојде за сума од 36 милиони евра од Атлетик Билбао во 2014 година и за „црвените ѓаволи“ одигра вкупно 187 натпревари и постигна 20 голови. Меѓутоа на неговиот престој во клубот дојде крајот. Иако Јунајтед му понуди нов договор, тој одлучил дека е време за промени и постигнал договор со ПСЖ.

На „Паркот на Принцовите“ според инфорнациите кои ги има „Скај Спорт“ ќе заработува 173.000, а наскоро овој трансфер би требало да добие и официјална потврда.

За репрезентацијата на Шпанија Ерера настапи само на два натпревари и кај ниту еден селектор не беше во прв план.

Во Париз Ерера пристигнува како замена за младиот Адриен Рабио за кого е јасно дека повеќе нема да биде дел од тимот на ПСЖ. Рабио го чека само летото и завршувањето на договорот по што ќе ја промени средината, тој повеќе не ни тренира со „светците“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…