Стигна одлуката на англиските фудбалски власти да се запрат сите фудбалски натпреварувања во оваа држава до 4. април, па така и натпреварот помеѓу Тотенхем и Јунајтед кој требаше да се игра во недела нема да биде одигран.
Сепак, пристигна Оле Гунар Солскјер стигна да зборува за својот колега на клупата на Тотенхем, Жозе Мурињо кој пред него го водеше Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Нема да зборувам за другите екипи и тренери, но нешто морам да кажам. Многу работи требаше да се променат, не знам колку било драматично, но тоа ги потресе играчите. Додадовме четири нови играчи, но се потрудивме да дадеме прилика и на младите фудбалери“, изјави Солскјер.
Потоа и потенцираше дека смета дека тој е вистинскиот човек за оваа работа.
„Мислам дека сум вистински човек за оваа работа, јас сум црвен и знам што е Јунајтед. Само не сакам да седам тука и да се фалам по цел ден“, смета Норвежанецот.