Дома Фудбал Англија Солскјер: Фернандеш донесе победнички менталитет

Солскјер: Фернандеш донесе победнички менталитет

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер не го криеше задоволството после победата од 3:0 против Брајтон.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Црвените ѓаволи“ го потврдија нивниот подем и се искачија на 5-то место во Премиер лигата, со само 2 бода помалку од Челзи, кој има натпревар помалку.

„Момците одиграа исклучително добар натпревар. Првиот гол на Мејсон Гринвуд беше брилијантен. Мејсон е посебен талент. Имаме играчи од највисока класа и го додадовме Бруно Фернандеш, кој му се приклучи на тимот на неверојатен начин. Тој го донесе со себе менталитетот на победник, имено: 99% не е доволно добро, секогаш мора да даваш 100% од своите можности. Довербата доаѓа со натпреварите и со чувството дека работите ги правите на вистински начин. За време на карантинот работевме многу напорно“, рече Норвежанецот.

Тој го пофали и настапот на Пол Погба кој се истакна со асистенција.

„Добар натпревар за него исто така. Пол ја контролираше топката, ги организираше нападите, освои многу дуели. Тој ќе настапува се посилно во иднина“, убеден е Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Торцида“ запали голем транспарент на „Бед Блу Бојс“ во Загреб (Видео)

Инцидент го одбележа големото хрватско дерби меѓу Динамо Загреб и Хајдук Сплит на стадионо…