Дома Топ вести Солскјер спреми 50 милиони за ѕвездата на Севиља

Солскјер спреми 50 милиони за ѕвездата на Севиља

Приоритет на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен дефанзивец, откиваат медиумите на Островот.

Откако стана јасно дека Упамекано ќе се пресели во Баерн Минхен, „црвените ѓаволи“ се насочија кон стоперот на Севиља, Жул Кунде.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунер Солскјер останал воодушевен од квалитетите на 22-годишниот дефанзивец и ќе се обиде да го донесе на „Олд Трафорд“ на лето.

Кунде има договор со Севиља до 2024 година со откупна клаузула од 82 милиони евра, па на Јунајтед нема да му биде лесно да го доведе, бидејќи и конкуренцијата е голема.

Последните информации се дека Севиља е спрмена да го пушти за 50 милиони евра, сума која „црвените ѓаволи“ се спремни да ја платат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Мбапе за дербито со Атлетико нема да биде ниту на трибини

Реал Мадрид ќе биде без Килијан Мбапе во вечерашното дерби, а Французинот нема да биде нит…