Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер на денешната пресконференција зборуваше за можното враќање на Ибрахимовиќ на „Олд Трафорд“.
Потсетуавме, ѕвездата на Ла Галакси неодамна изјави дека може да игра во Премиер лигата, иако веќе има речиси 38 години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Можам без проблем да играм во Премиер лигата. Ако Јунајтед ме сака, тука сум“, изјави Ибрахимовиќ, а новинарите веднаш го прашаа Солскјер какви се шансите тоа да се случи.
„Да има 28, а не 38 години би било поинаку. Тој тука помина одлично време и се уште му оди добро. Кој знае? Тој го знае мојот број на телефон, ја гледаше мојата куќа и сакаше да ја изнајми. Можеме да зборуваме на ист јазик, ако е сериозен, секогаш ќе зборувам со него. Сепак, тој помина одлично време тука, но не верувам дека е сериозен и дека ќе се врати“, изјави Солскјер.
Ибрахимовиќ помина одлично време во Манчестер Јунајтед и на 33 натпревари постигна 17 гола.