Дома Фудбал Англија Солскјер пред отказ, Јунајтед го контактирал Покетино

Солскјер пред отказ, Јунајтед го контактирал Покетино

Раководните луѓе на Манчестер Јунајтед веќе ги направиле првите контакти со Маурисио Покетино, тврдат медиумите на Островот.

Покетино беше прв извор на Манчестер Јунајтед за наследник на Жозе Мурињо, но тогаш Аргентинецот беше под договор со Тотенхем и „црвените ѓаволи“ го ангажираа Солскјер.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Норвежанецот има договор до 2022 година, но после слабиот старт на сезоната Јунајтед сериозно размислува за тренерска смена.

Се Покетино е слободен агент и се претпоставува дека двете страни брзо ќе најдат заеднички јазик.

„Мирор“ тврди дека во договорот на Солскјер има клаузула според која клубот ќе треба да му плати компензација од 4 милиони фунти во случај на отказ, а Јунајтед е спремен да ја плати таа сума.

Покетино има големо искуство во Премиер лигата каде работеше во Саутемптон, а потоа и во Тотенхем каде се етаблираше во врвен тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

На 40 години на Роналдо вакво нешто прват му се случи во криерата!

По првпат во кариерата на капитенот на Португалија, беше исклучен додека играше за национа…