Денес на програмата е најголемото дерби на англискиот фудбал, па Манчестер Јунајтед на својот „Олд Трафорд“ ќе го пречека најголемиот ривал Ливерпул.
Бодовите се многу важни за двата тима, Јунајтед се бори за пласман во Топ 4, додека Ливерпул е лидер на табелата и оваа година има шанса да ја освои титулата после цели 30 години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Солскјер посочи дека Манчестер Јунајтед не смее да си дозволи да чека толку долго за титула во Премиер лигата, а не пропушти прилика да го „пецне“ ривалот со коментарите кои кружат во јавноста последните неколку години, дека тоа е годината во која Ливерпул сигурно ќе ја освои титулата.
„Мора да биде јасно дека нема да сме среќни ако завршиме во топ четирите на табелата. Ако вашата цел е прениско поставена и штом ја постигнете истата, тогаш тоа е многу поопасно отколку да целите високо и да ги пропуштите приликите. Јунајтед не смее да се задоволи само со фактот што е меѓу четирите најдобри екипи“.
„Имам многу пријатели во Норвешка кои се фанови на Ливерпул, и секоја година велат дека тоа е нивната година. Ќе дојде октомври, ноември и ќе кажат: „Океј, следната година е наша“, истакна Солскјер.
Со доаѓањето на Солскјер на клупата на „црвените ѓаволи“ тимот доживеа вистинска ренесанса и е во фантастична серија на позитивни резултати.