Дома Фудбал Останато Солскјер: Прво против Арсенал, сега и против АЗ Алкмар – не ни судат пенали!

Солскјер: Прво против Арсенал, сега и против АЗ Алкмар – не ни судат пенали!

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер после ремито со АЗ Алкмар (0:0) во второто коло од Лига Европа истакна е дека задоволен од својата екипа, но е незадоволен поради недосудениот пенал над Маркус Рашфорд.

Солскјер верува дека неговата екипа била оштетена против Арсенал во понеделникот при водство од 1:0 кога не бил досуден пенал поради играње со рака на Колашинац во шеснаесетникот.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


За Јунајтед ова беше десетти натпревар на гости без победа.

„Освоивме важен бод на гости против добар тим. Тежок натпревар на многу незгодна подлога. Неодамна го победија Фејенорд со 3:0 на гости. Имавме бројни шанси и јас сум задоволен. Ова требаше да биде победа“.

Потоа се пожали за според него недосудениот пенал.

„Мака ми е да зборувам за пеналите кои требаше да ги изведеме. Не ни досудија пенал против Арсенал и вечерва повторно. 100% тоа беше пенал, не можете да погрешите во фудбалот во врска со таква одлука. Играњето со рака секогаш е предмет за дискусија, но тоа на натпреварот со Арсенал не беше спорно затоа што играчот имаше доволно време да ја помести раката“.

„Денес имавме старт над Маркус Рашфорд и тука судиите погрешија. За жал не го добивме пеналот и нема ништо да добиеме ако се жалиме. Не сакам тоа да го правам. Но, ќе дојде време кога тие одлуки ќе се свртат во наша корист, верувам во тоа“, изјави Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фудбалерите го налутиле Вучиќ – летале со хрватски авион!

Репрезентативките на Србија го завршија учеството на Европското првенство, а претседателка…