Манчестер Јунајтед внимателна ја следи ситуацијата околу плејмејкерот на Реал Мадрид Тони Крос, пренесуваат англиските медиуми.
Германецот веќе неколку години е на радарот на „црвените ѓаволи“, па сега се спремни да испратат официјална понуда за неговиот потпис.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Крос беше на чекор од трансфер на „Олд Трафорд“ во 2013 година, но веќе следната година Германецот се пресели во Реал Мадрид каде стана еден од најважните играчи на „кралевите“.
Крос после слабата сезона е спремен да ја промени средината, а шпанските медиуми тврдат дека и Зинедин Зидан нема ништо против да се раздели со Германецот.
На лето ќе има многу промени на „Сантиаго Бернабеу“, па голема е веројатноста Крос да отпадне од плановите на Зидан. Поради тоа на „Олд Трафорд“ гледаат шанса да го донесат плејмејкерот во своите редови.
Англиските медиуми тврдат дека не е исклучена и можноста двата клуба да направат спектакуларна трампа, со оглед на фактот што Реал Мадрид е сериозно заинтересиран за Пол Погба.
„Кралевите“ наводно се спремни да го понудат Крос и одредена сума на пари за да дојдат до потписот на Французинот.
Во Реал Мадрид ова лето се очекува голема реконструкција, јасно е дека многу имиња ќе се поврзуваат со „кралевите“, па сигурно не очекува „жешко“ трансфер лето.
https://youtu.be/qoqKsv_B7IE