Дома Фудбал Англија Солскјер: Не се прави ништо со десет трансфери, Клоп го гради тимот четири години

Солскјер: Не се прави ништо со десет трансфери, Клоп го гради тимот четири години

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер верува дека не постои начин со неколку трансфери во јануарскиот преоден рок да ги реши проблемите на тимот.

„Црвените ѓаволи“ забележаа два последователни порази и сега се на шест бода зад четвртото место и неверојатни 33 бода од лидерот Ливерпул. Голем дел од навивачите на тимот го изразуваат своето незадоволство од фактот дека клубот не привлекува нови фудбалери за да се подигне класата на тимот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, Норвежанецот тврди дека го следи неговиот план постепено да гради тим и дека не можат да бидат привлечени девет или десет играчи, па направи споредба со Јирген Клоп.

„Ние имаме свој начин на работа. Се разбира, можете да видите како другите тимови одлично се снаоѓаат. Јирген помина четири години во градењето на својот состав и тие добро напредуваат сега. Сум кажал и претходно, не можете да донесете девет или десет играчи во еден трансфер прозорец“.

„Имавме прилично добар летен трансфер период, но овој во јануари е многу потежок. Кога започнувате нешто, се придржувате до вашиот план. Истото важи и за мене. Не можете да го промените после шест, осум, девет или десет месеци работа и да почнете да верувате дека треба да ги правите работите на друг начин. Јас ќе го следам она за што ми даде доверба мојот клуб и се надевам дека ќе биде доволно добро и раководството ќе види дека правиме вистинска работа. Сите мои разговори со клубот во моментот се многу позитивни“, изјави Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Алонсо и Леверкузен испишуваат историја – израмнија рекорд стар 60 години!

Баер Леверкузен зад себе има неверојатна сезона во која успеаа да ја прекине 11-годишната …