Дома Фудбал Солскјер: Не бев сигурен дали ќе бидам жив кога Фред ќе постигне погодок

Солскјер: Не бев сигурен дали ќе бидам жив кога Фред ќе постигне погодок

Манчестер Јунајтед синоќа на Олд Трафорд во реванш натпреварот го победи Клуб Бриж, кој во раната фаза на натпреварот остана со играч помалку по исклучувањето на Делија.

Црвените ѓаволи славеа со 5-0 и со вкупни 6-1 обезбедија пласман во осминафиналето на Лига Европа.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Многу сум среќен. Кога постигнувате голови и играте на овој начин, тоа ви дава дополнителна самодоверба”, изјави тренерот на Манчестер Јунајтед по натпреварот, па даде свој коментар за големото засилување на неговиот тим, Бруно Фернандеш:

„Бруно е подготвен. Тој е во добра форма. Почуствуваме дека тоа е она што ни беше потребно.“

Инаку, Фернандеш синоќа погоди за 1:0 од белата точка, а после него во листата на стрелци се запиша уште еден нов играч, Игало, кој поради отсуството на Марсијал го запиша својот прв старт во дресот на Манчестер Јунајтед.

Потоа погоди и повратникот во екипата Мектоминеј, по асистенција на Фред, кој во финишот на натпреварот со два погодоци ја запечати високата победа на Црвените ѓаволи.

Солскјер имаше интересен коментар на одличната изведба на Бразилецот.

„Не бев сигурен дали ќе бидам жив кога следниот пат ќе постигне погодок.“ – низ смеа изјави Солскјер.

Следниот натпревар за Црвените ѓаволи е дуелот против Евертон во рамките на Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл во ист ден продаде фудбалер за 150 и купи друг за 63,5 милиони евра

Њукасл го продаде Александер Исак во Ливерпул за 150 милиони евра и веднаш го договори доа…