Манчестер Јунајтед денес им приреди уште едно непријатно изненадување на своите навивачи.
„Црвените ѓаволи“ гостуваа кај последниот тим на табелата во Премиер лигата и изгубија со 2:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во првото полувреме не видовме премногу прилики за погодок, Јунајтед имаше една 100% шанса меѓутоа Џеси Лингард не реагираше најдобро. Лингард излезе еден на еден со голманот Фостер, се обиде да го лобува и промаши. Треба да се истакне дека Лингард во текот на цела 2019 година е без гол, па очигледно на англискиот фудбалер му недостасува самодоверба.
Ова промашување на Лингард уште повеќе ги болеше навивачите кога Давид Де Геа киксираше и Исмаил Сар на стартот од второто полувреме го доведе Вотфорд до предност. Само неколку минути по голот на Сар, Вотфорд доби пенал, а сигурен реализатор беше Трој Дини.
За Вотфорд ова беше прв триумф на домашен терен оваа сезона (вкупно втора) и сега оние на Островот кои тврдат дека Солскјер треба да биде отпуштен ќе бидат уште погласни.