Maнчестер Јунајтед после тримесечната пауза поради коронавирусот игра одлично, а вчера го забележа и 17 натпревар во низа без пораз. Во дури 12 од нив „црвените ѓаволи“ не примија гол.
Со победата кај Астон Вила тимот на Оле Гунар Солскјер постави нов премиерлигашки рекорд бидејќи тоа за нив беше четврта победа во низа со барем три гола разлика.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа многумина си го поставуваат прашањето како ќе завршеше натпреварот ако Јунајтед не добиеше голема помош од судијата во првото полувреме. Имено, после контактот на Езри Конс и Бруно Фернандеш судијата досуди еден контроверзен пенал, а ВАР не реагираше, иако очигледно е дека Фернандеш го нагазува играчот на Вила и паѓа.
Imagine my surprise when this was give as a penalty. Closer to a red card for Bruno Fernandes than a penalty to United. VAR is a disaster. pic.twitter.com/wNKVqoaqJr
— The Golden Sky (@TheGoldenSky_) July 9, 2020
Солскјер сепак тврди дека во пеналот немало ништо спорно.
„Ако стартуваш над мене, јас потскокнам и паднам на твојата нога мислам дека тоа е прекршок за мене. Фернандеш направи одлична пируета во стилот на Зидан и Марадона и налета на неговата нога и мислам дека тоа е пенал“, изјави Норвежанецот.