Дома Фудбал Англија Солскјер: Во Манчестер Јунајтед научив една работа

Солскјер: Во Манчестер Јунајтед научив една работа

Оле Гунар Солскјер во декември пристигна на Олд Трафорд како привремена замена за Жозе Мурињо.

Норвежанецот после тоа со серија добри резултати го извлече Јунајтед од криза и беше на добар пат да му осигура на клубот место во ЛШ следната сезона.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, после тоа следуваше период во кој Манчестер играше лошо и во последните седум натпревари во ПЛ запиша пет порази. две нерешени и само една победа и така остана без ЛШ следната сезона.

Во последниот натпревар од оваа сезона во ПЛ, Јунајтед на Олд Трафорд беше поразен со 2:0 од Кардиф, кој претходно испадна од лигата.

„Научив да не сакам да губам. Сакам да победувам.“ – изјави Солскјер за клубската телевизија.

„Почнавме фантастично. Момците беа неверојатни кога дојдов. Бевме позитивни и победувавме. Целата група се обедини и уживаше во победите, но знам дека фудбалот знае да биде тежок.“

Норвежанецот спрема голема чистка и дури осум играчи би можеле да го напуштат клубот, а Солскјер сака да донесе барем пет нови играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Чаби Алонсо: Целта на Реал секогаш е освојување на ЛШ

Рекордерот по титули на Европа, Реал Мадрид, е на прагот на следното учество во Лигата на …