Дома Топ вести Солскјер веќе најде замена за Погба, во јануари пристигнуваат две засилувања

Солскјер веќе најде замена за Погба, во јануари пристигнуваат две засилувања

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба ќе направи се што е во негова моќ за да го напушти клубот во јануари, пренесуваат англиските медиуми.

Французинот сакаше да си замине уште во летниот преоден рок, но до трансфер не дојде. Клубот од „Олд Трафорд“ дури се обиде да му понуди нов договор, но тој нема намера да ја продолжи соработката.


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Пред неколку дена се појави информација дека Мино Раиола за својот клиент ќе побара неверојатна плата од 600.000 фунти неделно и со тоа ќе му даде до знаење на Манчестер Јунајтед дека Погба сака да си замине.

Наводно и на Солскјер веќе му е јасно па имал разговор со раководството да донесат негова замена уште во јануари. Прва желба е Кристиан Ериксен кој не го продолжи договорот со Тотенхем, па е на излезна врата.

Иако Данецот преферира преселба во Реал Мадрид, наводно „црвените ѓаволи“ ќе му понудат плата која тешко ќе може да ја одбие.

Притоа, во јануари треба да пристигне и Марио Манџукиќ од Јувентус, кој би требало да ја „покрие“ дупката во нападот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер повторно се засилува за нула евра

 Интер тргнува по дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваат италијанските медиу…