Барселона со 3:0 беше подобра од Мајорка, но бидејќи титулата во Ла Лига веќе е обезбедена во овој натпревар во центарот на вниманието беше збогувањето со Серхио Бускетс и Жорди Алба.
По завршувањето на натпреварот фудбалерите се повлекува во соблекувалната, а потоа приредија шпалир за двете легенди, тука беше првиот човек Лапорта, тренерот Чави и членовите на стручниот штаб.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Гордост беше за мене да се носи дресот на Барселона. Сакам да потсетам на една посебна личност која ме доведе во 2011 година – Тито Виланова. Благодарност до моите соиграчи од кои многу научив“, изјави Алба.
Un pasillo #H18TÒRIC 💙❤️ pic.twitter.com/yMzUXpREGS
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) May 28, 2023
Потоа зборуваше Бускетс.
„Благодарност до сите кои беа дел од оваа моја авантура. Од дете сонував да играм тука на овој стадион и горд сум што бев дел од најголемиот клуб во светот, тоа е нешто што никој не може да ми го одземе. Заминувам со исполнет детски сон, но ова не е збогум, верувам ќе се видиме повторно“, изјави Бускетс.
— S໐fʏᴀ 🏆²⁷ (@Sofya_Griezmann) May 28, 2023