Дома Фудбал Наскоро во тимот на Реал ќе видиме четири нови имиња!

Наскоро во тимот на Реал ќе видиме четири нови имиња!

Сантијаго Солари после пристигнувањето на клупата на Реал Мадрид започна да бележи добри настапи и во овој момент има биланс од седум победи и еден пораз.

Сега според информациите кои доаѓаат од Шпанија Солари одлучил да побара замена за „староседелците“ како што се Рамос, Модриќ, Крос, Бензема…Но, замена Солари бара во својот табор.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Како што е познато пред да биде промовиран на клупата на Реал Солари работеше во младинскиот тим и сигурно добро е запознаен со какви млади фудбалери располага Реал.

Последните информации од Шпанија говорат дека шанса во првиот тим на „кралевите“ наскоро ќе добијат Хави Санчез (стпер), Фран Гарсија (бек), Кристо Гонзалес Перез (напаѓач) и Фидалго (играч за врска).

Доколку овие информации на Шпанците се покажат како точни ќе биде интересно да се види како ќе изгледа „подмладениот“ Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси сака да потпише со врвен искусен централен бек за 26 милиони фунти овој месец

Челси наводно е заинтересиран да потпише со врвен и искусен централен бек за само 26 милио…