Дома Видео Соиграчите се држеа за глава: Со хорор старт му ја скрши ногата на синот на Диего Симеоне🎥

Соиграчите се држеа за глава: Со хорор старт му ја скрши ногата на синот на Диего Симеоне🎥

Пријателскиот натпревар помеѓу Бургос и Алавес се најде во центарот на вниманието поради страшниот старт на Хозе Матос од Бургос врз младиот напаѓач Хулиано Симеоне, син на тренерот на Атлетико Мадрид, Диего.

Симеоне е надежен фудбалер и сезонава требаше да добие шанса во првиот тим на Алавес, но тоа негово деби ќе почека бидејќи заработи тешка повреда. Се играше 86-тата минута кога Матос жестоко стартуваше врз него и му ја скрши ногата.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


За каков старт стануваше збор доволно покажува реакцијата на останатите фудбалери кои беа во шок и се држеа за глава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Погледнете како Рудигер ја исмејуваше Барселона по шокантниот пораз

Барселона загуби на својот „Монжуик“ од Леганес со резултат 1:0 во 17. коло на Ла Лига. Та…