Дома Трансфер зона Советникот на Лапорта: Немојте да се изненадите ако Халанд и Меси ги видите во Барселона

Советникот на Лапорта: Немојте да се изненадите ако Халанд и Меси ги видите во Барселона

Чави Ернандез ја препороди Барселона, која стана една од најдобрите екипи во Шпанија и игра одличен фудбал, а тоа го докажа и во „Ел Класико“, каде што славеше со 4-0 против Реал Мадрид.

Барселона планира да ангажира уште неколку засилувања следното лето за да може да се врати во битката за трофеи, а веќе е договорен Франк Кеси, кој доаѓа како слободен фудбалер од Милано.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Шпанските медуми постојано шпекулираат за Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд, но сега се појави опција и за враќање на Лионел Меси од ПСЖ. Можеби звучи нереално, но сепак такво нешто најави советникот на претседателот на Барселона.

„Халанд и Меси во Барселона? Немој да се изненадите ако се случи тоа на лето“, кажал советникот на Жоан Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…