Дома Видео Снимка од првиот гол на Роналдо во кариерата – мајсторски лоб!

Снимка од првиот гол на Роналдо во кариерата – мајсторски лоб!

На Твитер објавена е стара снимка на која може да се види мајсторијата на 16 годишниот Кристиано Роналдо во дресот на Спортинг.

Роналдо на 3. август 2002 година играше против Бетис во првиот натпревар за Спортинг. Влезе од клупата за резерви во 77. минута и постигна прекрасен гол за победа на својот тим.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Денешната ѕвезда на Јувентус тогаш за многумина беше анонимец, па и за коментаторот кој го нарече Кустодио.

Кустодио во тоа време беше соиграч на Роналдо, но коментаторот на тој натпревар очигледно не бил баш доволно запознаен со Роналдо кој беше на почетокот на својата кариера.

По Спортинг, Роналдо ќе потпише за Манчестер Јунајтед, па Реал Мадрид, од каде што дојде во Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Салах испиша историја: Ова не му успеало на ниту еден друг фудбалер во Премиер лигата!

Англискиот фудбал ги дозна имињата на најдобрите од минатата сезона на синоќешната ПФА цер…