Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Снимка која го обиколи светот: Сампаоли го прашува Меси дали да го внесе Агуеро! (видео)

Снимка која го обиколи светот: Сампаоли го прашува Меси дали да го внесе Агуеро! (видео)

На десет минути пред крајот на последниот натпревар од групата помеѓу, Нигерија и Аргентина, актуелниот вицешампион беше во опасност од елиминацијата, но „Гаучосите“ се „извадија“ со голот на Маркус Рохо во 86 минута.

Како што е познато неколку дена после дебаклот против Хрватска (3:0), дел од играчите побарале смена на Сампаоли, а од сојузот порачале дека тој може да седи на клупата, но дека нема да се прашува за ништо.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Кој ги „влече конците“ во Аргентина видовме и вчера во видеата од полувремето на натпреварот каде што Лионел Меси држи говор, а Самполи никаде го нема. Истите можете да ги погледнете тука.

Да се вратиме на последните десет минути од натпреварот.

Сампаоли во тие моменти имаше право на само уште една замена, размислуваше да го внесе во игра Кун Агуеро, тоа и го направи, но прво мораше да добие „амин“ од Меси.

Како што може да се види селекторот на Аргентина довика до Меси: „Lo pongo al Kun?, што во превод значи: Да го внесам Кун (Агуеро)?“.

Оваа снимка е само уште еден доказ за бунилото и хаосот во кој се наоѓа Сампаоли во овој момент…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Реал го плати 50 милиони евра, па го продава по една сезона

Реал Мадрид под новото водство на тренерот Чаби Алонсо отпочнува нова фаза. Тимот покажува…