Денес стартуваат натпреварите од осминафинбалето на Европското првенство, а за Весли Санјдер Италија е селекцијата која може да стигне до пехарот.
Италија можеби и покажа најмногу во групната фаза. „Аѕурите“ осминафиналето го обезбедија со три победи и без примен гол, а вечерва нивни противник ќе биде Австрија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Снајдер верува дека Италија може да оди до крај.
„За мене Италија е фаворит за титулата. Играат фудбал кој ме убедува дека се најдобри и навистина многу напредуваа досега“, изјави Снајдер.
Не само на ЕП Италија во страшна форма е од претходно, тие се без пораз на последните 30 натпревари, а немаат примено гол на последните 11.