Дома Фудбал Останато СМС порака од Мурињо до Цезар од пред пет години која зборува за омразата со Икер Касиљас

СМС порака од Мурињо до Цезар од пред пет години која зборува за омразата со Икер Касиљас

Легендарниот голман Икер Касиљас долги години го бранеше голот на Реал Мадрид, но со доаѓањето на Жозе Мурињо во клубот полека мораше да се помири со фактот дека мора да го напушти шпанскиот гигант.

Касиљас повеќе од една деценија го бранеше голот на Реал, но во втората сезона на Мурињо во Мадрид започна да го губи местото, а она што го започна Мурињо го продолжи Анчелоти.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Шпанецот во 2015 година го напушти Реал Мадрид и направи трансфер во португалски Порто.

Иако помина долго време во медиумите денес се појавија детали од конфликтот на Португалецот и Шпанецот.

Деталите беа објавени благодарение на голманот Жулио Цезар кој одлучи на јавноста да и открие една СМС порака која доволно покажува колкава омраза преовладувала кај Мурињо кон Касиљас.

„Ти навистина не си нормалан, не треба ти да носиш негов дрес, тој треба да носи. За она што ти можеш да го одбраниш со една рака, на него му се потребни две“, гласела пораката од Мурињо до Цезар.

Станува збор за натпреварот од Купот на Конфедерации одржан во Бразил во 2013 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Легендата на Реал ги избра најдобрите 11: Ги нема Модриќ, Зидан, Рамос, Касиљас… (Фото)

Поранешниот шпански средишен играч Гути ги одбра најдобрите 11 во историјата на Реал Мадри…