Фудбалерите на Манчестер Јунајтед добија неочекувана предност во вечерашниот меч, откако фудбалерите на Аталанта цела ноќ останаа без сон.




Како што пренесува „Скај Италија“, алармот за пожар во хотелот се вклучил дури пет пати и фудбалерите на Аталанта не можеле да спијат.




ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*
Од клубот од Бергамо нема реакција и жалба, но сопругата на Руслан Малиновски, Оксана, објави за „инцидентот“ на социјалните мрежи.




„Пеколна ноќ во Манчестер, алармот за пожар се вклучи пет пати по пристигнувањето на тимот. Дали мислите дека ова е случајно? Јас мислам дека е намерно“.