Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ оваа сезона прикажува фантастични настапи во дресот на Фиорентина.
Влаховиќ оваа сезона успеа да се избори за место во стартниот тим, а својата шанса и тоа како знаеше да ја искористи. Овој 21 годишен напаѓач во досегашниот дел од сезоната одигра 37 натпревари и постигна 21 гол во сите натпреварувања со што го привлече вниманието на себе на повеќе европски клубови.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Веќе некое време се шпекулира дека Влаховиќ на крајот од сезоната ќе ја напушти Фиорентина, но јасно е дека клубот од Фиренца нема така лесно да го пушти.
„Газета дело Спорт“ објави дека Милан, Рома и Јувентус покажале најголем интерес за Влаховиќ и дека ќе се обидат да го доведат на крајот на оваа сезона. Влаховиќ со Фиорентина има договор до летото 2023 година и беше прогласен за еден од најпреспективните напаѓачи во Европа.
Во Фиорентина се свесни дека тешко ќе го задржат Влаховиќ во своите редови и сакаат да извлечат што е можно повеќе пари за неговиот трансфер. „Газета“ денес објави дека челниците на Фиорентина одредиле цена за овој 21 годишен напаѓач и дека Влаховиќ може да го напушти клубот ако некој за него плати 80 милиони евра.
Сигурно дека и покрај денешните цени во фудбалот ова е изненадување, а ќе видиме дали некој од заинтересирани ќе се реши да плати ваква сума.