Дома Фудбал Италија Скриниар и Интер блиску до договор

Скриниар и Интер блиску до договор

Последните информации од Италија говорат дека Интер и Скриниар се блиску до договор за продолжување на договорот.

Словакот беше главна трансфер цел на ПСЖ ова лето и „светците“ испратија неколку понуди, но сите беа одбиени од страна на Интер.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Меѓутоа, проблем за Интер е што Скриниар влезе во последната година од договорот и веќе во јануари може слободно да преговара со заинтересираните клубови.

ПСЖ му понуди 9 милиони евра по сезона, сума која Интер не може да си ја дозволи. На последната средба „нероаѕурите“ му понудиле нов договор со плата од 6 милиони евра по сезона.

Скриниар е спремен да ја прифати понудата и да стави потпис на нов договор бидејќи е среќен во Милано и ќе биде промовиран во нов капитен на миланскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Од Ливерпул веќе имаат избрано замена за Салах од Германија

Од Ливерпул го имаат на ум крилото на Хофенхајм, Базумана Туре, како еден од главните фаво…