Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс е најголем критичар на својот клуб во последно време и секогаш искрено и отворено говори за проблемите на „црвените ѓаволи“.
Сколс ги предупреди фановите да немаат големи очекувања од дербито со Ливерпил и објасни зошто смета дека „црвените“ ќе го добијат натпреварот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Ако се обложувате, обложете се на Ливерпул. Гледам толку многу конфузија во Јунајтед. Мурињо не беше доволно практичен во претсезоната и на стартот од сезоната. Има толку многу конфузија и двоумење за тоа кој треба да игра од стартот. Она што беше препознатливо за Мурињо во Челзи беше тоа што користеше 13 или 14 играчи секоја недела. Тој никогаш не одмораше играчи дури и ако се работи за Лига куп. Во Јунајтед се уште се наоѓа во период на адаптација, ќе му биде потребно уште време за да види што е најдобро. Овој негов тим се уште нема свој идентитет“, истакна Сколс.