Дома Фудбал Останато Сколс до навивачите на Јунајтед: Сигурни ли сте дека Зидан е вистинскиот човек?

Сколс до навивачите на Јунајтед: Сигурни ли сте дека Зидан е вистинскиот човек?

Пол Сколс ги предупреди навивачите на Манчестер Јунајтед да не очекуваат повторување Зинедин Зидан на резултатите од Реал Мадрид ако тој седне на клупата на „Олд Трафорд“.

„Црвените ѓаволи“ се наоѓаат на осмата позиција во Премиер лигата и поради тоа веќе подолго време се шпекулира за отказ на Жозе Мурињо. Јунајтед после 15 кола 18 бодови одалечен од водечкиот Манчестер Сити, а Зидан долго време се споменува како негов потенцијален наследник.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Дали сте сигурни дека Зидан е вистинскиот човек за оваа работа? Го водеше Реал Мадрид, клуб во кој се наоѓаа многу играчи кои победуваа во минатото. Ова е целосно друга ситуација. Би морал повторно да ја подигне самодовербата на екипата. Во Реал имаше толку добри играчи, секако немаше лесна работи, но во Јунајтед Зидан би требало да гради тим“, изјави Сколс за „БТ Спорт“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ждреб за плеј-офот во ЛШ: Мурињо повторно против Реал!

Во швајцарскиот град Нион денеска се одржа жрепката за плеј-оф фазата на Лига на шампиони,…