Дома Трансфер зона „Скај Спорт“ тврди: Реал и Јунајтед се договорија за Варан

„Скај Спорт“ тврди: Реал и Јунајтед се договорија за Варан

„Скај Спорт“ пренесува дека Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед постигнале договор за трансфер на Рафаел Варан.

Раководството на Реал Мадрид веќе се помирило со фактот дека ќе се раздели со дефанзивецот, откако Варан одби да го продолжи договорот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Кралевите“ сакаа да ја избегнат ситуацијата како со Рамос и да го загубат дефанзивецот без обештетување, па беа спремни да слушнат понуди.

Според информациите од „Скај Спорт“ Јунајтед за потписот на Варан ќе плати 70 милиони евра со вклучени бонуси.

Французинот сега треба да ги договори последните детали од договорот со „црвените ѓаволи“ и официјално да го комплетира трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…