Дома Трансфер зона Скај Спорт: Мане не го известил Ливерпул дека сака да замине

Скај Спорт: Мане не го известил Ливерпул дека сака да замине

Фудбалерот на Ливерпул и сенегалски репрезентативец Садио Мане не ги известил челниците на клубот од „Енфилд“ дека сака да ја продолжи кариерата во Баерн Минхен, пренесува „Скај Спорт“.

Мане има договор со Ливерпул до јуни следната година, а британските и германските медиуми во претходните денови тврдат дека Сенегалецот ќе се пресели во Баерн. Се пишуваше и дека после поразот во Лигата на шампионите тој им соопштил на соиграчите дека заминува, меѓутоа сега пристигнуваат поинакви информации.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Тајмс“ наведува дека челниците на Ливерпул се уште не се контактирани околу некаков трансфер, а наводното обештетување за сенегалскиот фудбалер не би требало да биде помало од 35 милиони фунти со бонуси.

Челниците на Баерн го следеа Мане во саботното финале во Лигата на шампионите и наводно на Сенегалецот му нудат договор до јуни 2025. Јирген Клоп не сакаше многу да зборува за ситуацијата со Мане, па така само порача дека Мане ќе биде одличен без разлика каде ќе игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…