Вчера Португалија и Србија одиграа натпревар во рамките од квалификациите за Европското првенство кој заврши без победник 1:1.
На овој натпревар беше најавено дека скаути на Барселона ќе присуствуваат на трибините со цел на дело да ги видат квалитетите на Лука Јовиќ. Сепак, селекторот на Србија Младен Крстајиќ го остави Јовиќ цел натпревар на клупата за резерви.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сепак, денес во јавноста се појавија информации дека скаутите на Барселона не патувале за „џабе“.
Според информациите под лупа на луѓето од Барселона не бил само Лука Јовиќ, туку и играчот од средниот ред Сергеј Милинковиќ Савиќ.
Милинковиќ Савиќ оваа сезона не игра на нивото од минатата, но и покрај тоа се поврзува со повеќе европки клубови како што се Реал Мадрид, Пари Сен Жермен, Милан…Минатото лето Лотито бараше сума од 150 милиони евра. После оваа сезона во која игра нешто послабо јасно е дека Лацио не ќе може да ја добие таа сума.
Засега нема информации колку далеку е спремна да оди Барселона со потенцијалната понуда за Савиќ, но јасно е дека во летото кое следи за Милинковиќ-Савиќ повторно многу ќе се пишува.
https://www.youtube.com/watch?v=L-KZc_LejcM