Дома Останати Скандал: Јаник Синер два пати позитивен на допинг

Скандал: Јаник Синер два пати позитивен на допинг

Меѓународната тениска агенција за интегритет (ИТИА) откри дека моментално најдобриот тенисер во светот според АТП листата, Јаник Синер два пати бил позитивен на недозволената супстанца клостебол.

Сепак, ИТИА изјави дека Синер не сноси вина и одговорност за позитивните наоди за допинг, бидејќи неговата жалба била прифатена и во двата случаи.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Меѓународната агенција за интегритет во тенисот му ја одзела паричната награда и поените освоени на Индијан Велс, а истата потенцира дека во примероците на Синер е најдена многу мала количина, за што постои и објаснување.

Синер може непречено да продолжи да се натпреварува. Тенисерот во изјавата во која го понудил објаснувањето рекол дека еден член на неговиот тим му ставил спреј на мала рана на телото, а тој спреј содржел клостебол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Скандал: Србин доби суспензија од пет месеци затоа што се прекрстил на ОИ во Париз!

Џудистот од Србија Немања Мајдов во текот на вчерашниот ден објави дека се соочил со суспе…