Дома Останати Скандал: Хрвати нападнале Црногорци по изгубен меч во Дубровник!

Скандал: Хрвати нападнале Црногорци по изгубен меч во Дубровник!

Ватерполо репрезентациите на Хрватска и Црна Гора го одиграа дербито од групата А на Европското првенство кое заврши со победа на Црногорците со 15:13, но мечот го обележа голем скандал.

Имено, на крајот на мечот додека црногорските навивачи го славеа голот за победа бесните домашни навивачи тргнале кон нив. По инцидентот, четворица Хрвати беа уапсени поради нападот во базенот во Груж.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Четворица државјани на Република Хрватска се уапсени поради нарушување на јавниот ред и мир и предизвиквуање нереди на натпреарот помеѓу Хрватска и Црна Гора. Денес ќе бидат изнесени пред Општинскиот суд во Дубровник“, пишува „Индекс“.

Исто така се потенцира дека еден од четворицата навивачи бил под очигледно дејство на алкохол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…