Дома Останати Скандал: Светска титула прослави со фашистичка порака!

Скандал: Светска титула прослави со фашистичка порака!

Италијанскиот пливач Томас Чекон предизвика скандал во Јапонија откако по едно натпреварување на својот Инстаграм профил објави фашистичка порака.

Чекон освои златен медал на 50 метри делфин, 100 метри грбно и штафета 4 по 100 метри мешано. По ова тој на неговиот Инстаграм профил напиша:

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Кој ќе изврши предавство, мртов е“.

Оваа порака предизвика реакции бидејќи станува збор за порака која ја користеле италијанските фашисти пред капитулацијата на Мусолини.

Чекон се обиде да се оправда тврдејќи дека пораката немала никакво фашистичко значење.

„Пораката која ја испратив немаше никакво политичко или идеолошко значење“, тврдеше италијанскиот пливач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…