Дома Останати Кошарка НБА Скандал: Мекгрегор се обидел да силува девојка во текот на НБА финалето!?

Скандал: Мекгрегор се обидел да силува девојка во текот на НБА финалето!?

Поранешниот УФЦ шампиони, Конор Мекгрегор е обвиент за силување во текот на четвртиот натпревар од финалната серија во НБА лигата помеѓу Мајами и Денвер.

Според информациите на американските медиуми, Ирецот во текот на мечот заклучил неименувана девојка во тоалет каде што ја присилувал на интимен однос. Откако со лакт го удрила Мекгрегор успеала да побегне.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во информациите се наведува дека девојката се уште се обидува сама да ја реши ситуацијата и засега не отворила правна постапка.

„Добивме информација за силување и ќе спроведеме целосна истрага. До крајот на оваа истрага ќе се воздржиме од било какви коментари“, стои во соопштението на Мајами Хит кој беше домаќин на овој натпревар.

Адвокатите на Мекгрегор веднаш се огласија и ги демантираа обвинувањата.

„Обвиненијата се лажни. Нема да дозволиме да го исплашите господинот Мекгрегор“, изјавиле претставниците на Ирецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…