Голем скандал го тресе Јувентус откако Пауло Дибала вербално го нападнал директорот на клубот Фабио Паратичи после синоќешниот меч со Кротоне.
Дибала до сега нема одиграно ниту една минута во новата сезона, а синоќа цел натпревар против Кротоне го преседи на клупата за резерви.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Весникот „Тутоспорт“, кој е близок до Јувентус“, открива дека по завршувањето на натпреварот Дибала вербално го нападнал директорот Паратичи, а потоа дошло до голема расправија во соблекувалната.
Наводно дошло и до физичка пресметка помеѓу двајцата, која набрзо била спречена од соиграчите.
После оав тешко дека Дибала ќе го продолжи договорот, а Јувентус сигурно ќе се обиде да го продаде во зимскиот преоден рок.
#Dybala shock: there was a fight with #Paratici after the match against #Crotone. #Dybala has insulted heavily the manager
— Vito Angelè (@VitoAngele) October 18, 2020