Дома Фудбал Лига на шампиони Скандал во Лигата на шампионите: Коментатор ја навреди ѕвездата на Барселона, фудбалерите одбија да даваат изјави

Скандал во Лигата на шампионите: Коментатор ја навреди ѕвездата на Барселона, фудбалерите одбија да даваат изјави

Барселона во вчерашниот натпревар на гостински терен го победи ПСЖ со 2:3 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Шпанците поведоа во 37. минута преку Рафиња, но домаќините направија пресврт со головите на Дембеле во 48. минута и Витиња во 51. минута. Сепак, Рафиња израмни во 62. минута, а Кристенсен го комплетираше пресвртот за Барселона во 77. минута.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


И додека сите телевизии добија изјави од играчите на двата тима по натпреварот, шпанската телевизија „Мовистар“ беше исклучок. Виновникот за ова е поранешниот голман на Атлетико, Герман Бургос, кој ја навреди младата ѕвезда на Барса, Ламин Јамал.

„Доколку му пропадне фудбалската кариера, може да ги забавува луѓето на семафорите“, искоментира Бургос додека зад него Јамал жонглираше со топката пред почетокот на натпреварот.

Неговиот коментар доби жестоки критики на социјалните мрежи, а стигна и до играчите на ПСЖ и Барселона, кои одбија да дадат изјави за „Мовистар“ по натпреварот и побараа негово извинување.

„Немав намера да го повредам Јамал. Ако некој се почувствува навреден, јавно се извинувам“, изјави Бургос во студиото по натпреварот,

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Познати паровите за плеј-оф битките и четвртфиналето во Лигата на Нации

Во Лигата на Нации денеска беше одржана ждребката за плеј-оф битките за промоција и опстан…