Aфера поврзана со местење натпревари ја тресе Грција, а во главна улога се Олимпијакос и Атромитос.
Овие два клуба се обвинети дека наместиле натпревар одигран во 2015 година и сега им се заканува исфрлање во понизок ранг на натпреварување.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во прашање е нивни меѓусебен натпревар кој беше одигран во 2015 година, а Олимпијакос славеше победа од 2:1. Така овие два клуба се најдоа на голем удар и им се заканува исфрлување, додека нивните сопственици и уште некои луѓе во клубовите би можеле да добијат сериозни санкции.
Наводно е во местењето учествувале 15 лица, меѓу кои и тогашниот тренер на Атромитос, Португалецот Рикардо Са Пинто, како и уште некои важни луѓе.
Покрај исфрлувањето во понизок ранг се споменува и казна од три милиони евра за клубовите, додека играчите кои учествувале би можеле да добијат забрана за играње фудбал до крајот на животот.
ГОЛОВИТЕ ОД ТОЈ НАТПРЕВАР