Ванда Икарди веројатно е најатрактивната менаџерка во светот на фудбалот.
Контроверзната Аргентинка, сопруга и менаџерка на ѕвездата на ПСЖ, Мауро Икарди со своите изјави и постапки максимално се труди да биде во центарот на вниманието.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ванда се „прослави“ откако поранешниот сопруг Макси Лопез го изневери со сегашниот сопруг Мауро Икарди, а претходно беше обвинувана дека спиела со многу други за да успее во животот.
Аргентинската водителка Мирта Легранд откри дека Ванда завршила во кревет и со Диего Марадона.
„Ручав во еден хотел и кога излегов Ванда ме праша: Зошто не ме викаш во емисија? И одговорив: Дали си ти таа што имаше се*с со Марадона? Не спиев цела ноќ. Бев веднаш покрај нивната соба. Правеа толкава бучава што не можев да псијам. Дури го поместуваа и мебелот, не ми е јасно што се правеле“, истакна таа.
Ванда секако овие обвинувања ги отфрли и ги посочи како лаги и само таа и Диего знаат дали нешто навистина се случило.