Ривалството помеѓу Роналдо и Лео Меси веројатно е најголемото во историјата на фудбалот и често се пишува и зборува за тоа кој од нив е подобар.
Мислењата се различни. Некои го фаворизираат Роналдо, други Меси, но изборот е исклучително тежок.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Младиот играч за врска на тимот на Мадрид, Федерико Валверде кој моментално е на позајмица во Депортиво смета дека Меси е подобар фудбалер.
Сепак, брзо потоа се покаја поради изјавата и тврди дека сето тоа е шега.
„Тоа беше недозрабирање. Се шегував бидејќи сите знаат дека сум од Мадрид и дека секогаш би се обложувал на Кристијано, бидејќи тој е најдобар фудбалер на светот. Тоа го покажува од ден во ден, од натпревар во натпревар. Сакав тоа да го разјаснам и сигурно не би потпишал за Реал, ако чувствував било какви емоции кон Меси и Барселона. Роналдо и Меси се најдобрите на светот, но мојот избор е Роналдо“, истакна Валверде.
Младиот фудбалер оваа сезона одигра 20 натпревари за Депортиво, а налето ќе се врати во редовите на Кралевите.