Главна тема овие денови во шпанските медиуми е кој ќе го наследи Јулиен Лопетеги на клупата на Реал Мадрид.
Ќе потсетиме, поранешниот селектор на репрезентацијата на Шпанија заработи отказ после катастрофалните резултати, а привремно го наследи стретегот на вториот тим на Реал Мадрид, Сантијаго Солари.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Многу големи имиња се поврзуваа со клупата на Реал во изминатиот период, а изгледаше дека најблиску е Антонио Конте. Сепак, изгледа дека од Конте нема да има ништо. Обложувалниците имаат три фаворити за конечно решение на клупата на „кралевите“.
Интересно дека сега прв фаворит е токму Солари кој е поставен како привремено решение. Сепак, ситуацијата се сврти во негова корист, причина може да бидат првите два натпревари во кои Реал славеше во купот против Мелија и во првенството против Ваљадолид.
Така сега коефициентот дека Солари и официјално ќе биде конечно решение изнесува 2.25. Зад него следуваат Роберто Мартинез (3.75) и Маурисио Покетино (4.00).