Остануваат само неколку дена до стартот на сезоната во Ла Лига, а Барселона има големи проблеми околу тимот.
Каталонците во моментов имаат само 13 регистрирани играчи и се уште не успеваат да најдат начин да ги регистрираат новите договори на Гави, Араухо, Инаку Пења, Маркос Алонсо, Сержи Роберто како и новите засилувања, Гундоган, Иниго Мартинес и Риол Ромеу.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Имено регистрацијата на последните тројца може да се покаже како најголем проблем. Гундоган во договорот со Барселона има услов дека може да го раскине ако не биде регистриран за Ла Лига пред 12 август.
Барселона е во трка со времето бидејќи првенството почнува за неколку дена и доколку не успее да го регистрира Гундоган до тогаш ќе следи раскин на договорот.
Германецот се уште има доволно време да си најде нов клуб доколку го раскине договорот со каталонскиот клуб.