Дома Топ вести Сити спремен да плати 130 милиони за млад Германец

Сити спремен да плати 130 милиони за млад Германец

Младиот фудбалер на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема желба на Пеп Гвардиола, пишуваат англиските медиуми.

Виртц може да игра во средниот ред, но и како крилен напаѓач и е еден од најбараните германски фудбалери.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Младиот плејмејкер има долгорочен договор во Леверкузен и најверојатно ќе чини цело богатство, но Манчестер Сити нема да жали пари за да му ја исполни желбата на Гвардиола.

За реализација на овој трансфер Сити би требало да плати меѓу 130 и 150 милиони евра. Пеп Гвардиола е уверен дека Вирц би бил одлично засилување за „граѓаните“ и подготвен е да ја плати оваа сума.

За Флоријан Вирц се интересираат уште и Баерн Минхен, Челзи и Реал Мадрид, па Сити сака што побрзо да ја победи конкуренцијата. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…