Манчестер Сити ја потврди доминацијата, „Итхад“ уживаше во прославата на титулата.
Фудбалерите на Манчестер Сити славеа на домашен терен против екипата на Свонси со резултат 4:0 во рамки на 35. коло во Премиер лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Стрелци за Сити беа Давид Силва, Рахим Стерлинг, Кевин Де Бриун, Бернардо Силва и Габриел Жезус.
Пеп Гвардиола изнесе комбиниран состав, на клупата останаа Вокер, Отаменди и Сане, но Сити и покрај тоа ги реши Велшаните.
Веќе во 12. минута, Стерлинг убаво го проигра Давид Силва, а тој рутински ја собори мрежата на Фабиански.
Само четири минути подоцна, Делф го погодоци Стерлинг во срцето на петтерецот, а нему не му беше тешко да ја погоди небранетата мрежа и со резултат 2:0 се замина на пауза.
Во 54. минута, Кевин Де Бруин го постигна најубавиот погодок на мечот, бидејќи од близина на 30 метри распали по топката и ја погоди малата мрежа.
Во 63. минута, Габирел Жезус промаши пенал, но по одбраната на Фабиенски на вистинското место беше Бернардо Силва за 4:0.